25.07.2008 16:36
По завчерашното малтретирање на македонски државјанин во Грција, МНР денеска преку канцеларијата за врски во Атина, упати протестна нота до грчките власти. Бара откривање на насилниците и заштита на македонските државјани кои патуваат во Грција.
Уште нестасана протестната нота, по вчерашната најава за неа, синоќа се огласи официјална Атина. Случај на малтретирање на македонски државјанин во Грција немало, бидејќи не примиле никаков извештај за таков инцидент и Скопје треба да престане да ја искривува вистината, стои во реакцијата.
Досега Македонија повеќе пати реагираше до грчките власти. Тие не одговараа, ниту, пак, ги признаа инцидентите. Грчкото изживување врз македонските камионџии почна во мај годинава.
„Дојдоа со камери и телефони да сликаат и еден сакаше да ме удри, ама јас се повлеков. Имаше полиција, стоеше на некаде 20 метри од мене, но ништо не реагираа, а беа пет-шест души“, рече на 12.05 Славе Донев, возач од Струмица.
За три месеци во македонското МВР се пријавени седум инциденти, во кои 20-ина возачи на камиони биле нападнати по грчките патишта.
Кај поголем дел од нив ознаката „МК“ била причина за нападите, а во јуни тројца камионџии биле принудени да го изметат граничниот премин кај Дојран за да влезат во Македонија.